Спасени тешко повредени двајца полски моторџии

Две екипи хирурзи и друг персонал од Специјалната болницата  Св.Еразмо во Охрид им ги спасија животите на двајца тешко повередени туристи од Полска,  кои возејќи мотор, доживеаја тешка сообраќајна несреќа. Тие , се здобија со тешки повреди, во сообраќајка на влезот од Охрид, а во која учествуваше и патничко моторно возило со струшки таблички. Пренесени се во костозглобната болница и се  наогаат надвор од животна опасност, откако над нив интервенираа две екипи хирурзи од  Специјалната болницата за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо во Охрид.

Истовремено извршиле хируршки зафати врз 30-годишна девојка и 33-годишно момче од Варшава.

Врз двете лица биле извршени по три интервенции кои траеле 6 часа и за среќа имале позитивен резултат. Како што информираат лекарите, во моментов повредените се наоѓаат во стабилна состојба.

Повредените биле донесени во тешка состојба, со отворени, ситни скршеници по екстремитетите.

Момчето и неговата девојка, и двајцата од Варшава, преку Црна Гора и Албанија,патувале на летување во Охрид.