Спасовски: Нема најава дека ќе се зголеми бројот на мигранти

Нема никакви најави дека ќе се зголеми бројот на мигранти или ќе проработи Западнобалканската рута, рече министерот Оливер Спасовски во изјавата за медиумите по завршувањето на  Втората министерска средба на министрите за внатрешни работи и министрите за  надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија што се одржува во Солун, Република Грција.

„На средбата дискутиравме за важни теми, за безбедноста за глобалните предизвици кои се однесуваат на безбедноста на нашите држави и на регионот. Пред се организираниот криминал, трговијата со луѓе, со дрога и бегалската криза. Од исклучителна важност за нас е да имаме размена на информации, да имаме соработка и на полето на борбата против тероризмот и насилниот екстремизам , бидејќи тоа е глобален предизвик пред сите нас кој бара ваземно вклучување и решенија  кои се однесуваат и во делот на превенцијата, но и во делот на репресијата“, рече министерот Спасовски.

На средбата било договорено да има шестмесечни средби на кои ќе се дискутираат овие теми и да се воспостави контакт на ниво на директори на полиции и на пониските структури во полициите.

 

-Договоривме и да ја зголемиме соработката во делот на цивилната заштита. Целиот регион годинава беше зафатен со пожари и секогаш се потребни повеќе капацитети за да се справиме со овие состојби“, рече министерот Спасовски.