Спасовски тврди дека Заев е под постојани закани од атентат

– Од 2015 година Заев е под постојани закани за атентат. Службите преземаат сериозни мерки за обезбедување на премиерот, но и за сите останати функционери, рече Спасовски на денешниот брифинг со новинарите.

Сепак потенцираше дека Заев користи многу помало обезбедување за разлика од неговите претходници.

Тој додаде дека досега не примиле директна закана за атентат на премиерот.

Пред неколку денови Заев во интервју за црногорското радио „Антена М“ истакна дека безбедносни аналитичари го предупредиле  на ризик од атентат. Заев рече дека по случувањата во Црна Гора пред приемот во НАТО, добил предупредување дека сега тој е на ред. Не се плашам, изјави премиерот Заев.