Според математиката на Рашковски минималната плата со парите за радиодифузна ќе изнесува12.225 денари

“Скриено покачување” на минималната плата-напиша на својот ФБ профил Генералниот секретар на Влада, Драги Рашковски.

,,Минималната плата се покачи на 12.000 денари.
Радиодифузната такса се укинува. Тоа значи дека на едно семејство ќе му останат во буџетот повеќе 225 денари месечно (190 денари такса и 35 денари провизија за налог)
Аналогно на тоа минималната плата изнесува 12.225 денари
Се воведува евтина тарифа на струјата. Ако во просек едно семејство троши 2.000 денари месечно за струја, преку соодветно трошење тој износ многу лесно може да се намали на 1700 па и помалку. Тоа значи дека 300 денари остануваат повеќе во семејниот буџет.
Аналогно на претходното, минималната плата изнесува 12.525 денари.
Така почнува да се одмотува спиралата“-пресмета Драги Рашковски.