По средбата со претставничките на граѓанското здружение ,,Такт“, кои ќе се борат за еднаков третман на жените во спортот, тие на премиерот Заев му подарија баскет и дрес со неговото име.

Го поддржуваме женскиот спорт како афирмација на родовата еднаквост во сите сфери во општеството, напиша Заев на неговиот ФБ профил.

Координаторката на групата, Силвија Митевска, поранешна параглајдеристка и претседателка на граѓанското здружение „Такт“ и спортските работнички Андријана Будимир, Гордана Нацева, Моника Гаврилоска, и деканката на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Ленче Алексовска Величковска, на премиерот му ги презентираа целите на работната група, која е составена по препорака на првата национална конференција – жени во спорт одржана во јуни годинава.