Срам: Американците ги дочекаа германските тенисерки со нацистичка химна(видео)

Американската  тениска асоцијација им приреди срамотен пречек на германските тениски репрезентативки исполнувајќи дел од нацистичката химна Deitschland uber alless…на тенискиот турнир од Фед купот на Хаваи. Германската репрезентативка Андреа Петковиќ со српско-босанско потекло беше најпотресена, а потоа изјави дека тоа многу ја вознемирило и дека тоа е најлошиот момент во нејзината кариера, по што и го изгуби мечот.

Тениската асоцијација на Америка незнаејќи, го интонираше, и тоа со пеење во живо, делот од химната со нацистичка верзија во првата строфа, кој не се користи од крајот на Втора светска војна.

Германските тенисерки и нивните навивачи во публиката се обидоа да го надпеат оперскиот пејач со вистинската строфа, а Петковиќ дури се двоумеше дали да го напушти овој дел од отворањето на Фед купот. Ова не смееше да се случи во Америка, изјави таа.

Селекторката  Барбара Ритер изјави дека ова е скандал што не може да се прости. Претседателот на германската тениска федерација Улрих Клаус го прифатил лично извинувањето, но рекол дека оваа грешка била шокантна и многу вознемирувачка.