Србинот Александар Обрадовиќ сепак вдомен во ЕЛЕМ!

Не стана директор на ЕЛЕМ, ама доаѓа на работа секој ден во ЕЛЕМ. Поранешниот директор на српското електростопанство, Александар Обрадовиќ, според информации на „А1он“, секој ден доаѓа во зградата на ЕЛЕМ каде што веќе има и сопствена канцеларија. За да биде сместен, исфрлени се досегашните двајца советници на директорот и преместени се во друг простор. Не е познато која е улогата и функцијата на Обрадовиќ, кој го плаќа, од кои пари и по која основа е ангажиран во најголемата државна фирма за домашно производство на струја.

За Обрадовиќ се врзуваат многу афери, што беше причина за острите реакции при спомнување на можноста тој да биде новиот директор на ЕЛЕМ. За него се пишуваше дека како директор на српското електроспанство со милионски евра исплаќал советници, делел државни тендери на фирма во која претходно бил вработен и делел откази на вработени во пиар-службата кога бил спомнат во негативна конотација во српските медиум. Тогашниот премиер Александар Вучиќ го смени, според пишувањето на српските медиуми, поради малверзации во јавното претпријатие и непочитување на владината одлука за штедење.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев јавно се противеше прв човек на државната ЕЛЕМ да биде странец и преферираше домашно решение за ова примамливо место.

Извор:

а1он