Србија спроведува вонредна проверка на силите за брзо реагирање

По наредба на министерот за одбрана и Претседателот на Србија започна вонредна и ненајавена инспекциска проверка на оперативната способност на дел од единиците на српската војска. Во прашање е теренски инспекциски надзор на оперативната способност на единиците за брзо распоредување и итна реакција. Проверката ќе трае до 9 март на повеќе локации во Србија.

Ќе бидат проверени подготвеноста и брзината на силите за итна реакција на одредени претпоставени кризни ситуации. Ќе бидат спроведени и повеќе вежби како маршеви, боево гаѓање и други специјални дејства.

Целта е да се провери способноста на овој дел од војската на Србија за евентуални ризици и закани по безбедноста на земјата.