1. На маргините на Самитот за Западен Балкан што се одржа вчера во Трст, македонскиот Премиер Зоран Заев оствари неформална средба и со францускиот Претседател, Емануел Макрон. Заев на својот твитер профил напиша:

      На маргините на Самитот остварив средба и со францускиот претседател Емануел Макрон, се заложивме да ја интензивираме соработката.

      По завршувањето на самитот, Заев рече дека по сите состаноци има впечаток дека има сериозна европска перспектива за Македонија: