Среќата се вика Меси за авганистанското момче со пластичен дрес(видео)

Откако се запозна со Лионел Меси, авганистанското момче Муртеза Ахмади не се одвојуваше од него и на фудбалскиот терен ,,Ел Гарафа,, на пријателскиот натпревар меѓу Барселона и Ел Ахлија.

Фотографијата што неодамна се појави на интернет на која се гледа детето со дрес од Меси направен од палстика го обиколи и растажи светот , по што дојде и до средбата во Доха каде се играше овој натпревар.

Малиот авганистанец го запозна Меси, доби вистински дрес и излезе држејќи го за рака својот идол на преполниот стадион во Доха.