Српската премиерка Ана Брнабиќ ќе учествува на Парадата на гордоста во Белград

Владата на РС, официјално објави дека премиерката Ана Брнабиќ, која е првиот политичар во оваа земја декларирана како хомосексуалец, ќе учествува на утрешната Парада на гордоста. Таа и претходно, како министерка, беше во првите редови на оваа манфестација за правата на ЛГБТ луѓето.

Свое присуство најавија и градоначалникот на Белград, Синиша Мали, како и министрите Зоран Ѓорѓевиќ и Бранко Ружиќ.