Српски бакнеж за руска портпаролка

Марија Захарова, портпаролка на руското министерство за надворешни работи, на својата ФБ страница ја поставила фотографијата на која, во присуство на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, српскиот министер Ивица Дачиќ и ја бакнува раката.

Таа во описот на фотографијата напишала-…нашата работа не е лишена и од вакви работи. Посебно кога работите ќе ги земат во свои раце српските браќа. Но, Сергеј Лавров секогаш стои на стража на руските интереси.

Фотографијата е направена за време на неодамнешната средба меѓу двајцата министри за надворешни работи во Њујорк.

Очигледно средбата е направена на ,,руска територија” , бидејќи во позадина се гледа слика на рускиот претседател Владимир Путин, закачена на ѕид.

РТС