Во тешка сообраќајна несреќа, доцна синоќа, враќајќи се од светско првенство во бодибилдинг кое се одржало во Романија, загинаа 16 годишната Милица Беслаќ и 48 годишната Бранислава Јовановиќ.

Milica Beslać
Во несреќата која се случила кај местото Ковачица , тешко е повреден таткото на Милица, кој бил зад воланаот.

Јовановиќ била повеќекратна српска шампионка, а младата Милица во 2015 година била прогласена за најдобра млада спортистка во Апатин.

Во тешката несреќа животот го изгубила и мајката на Милица, 37 годишната Тања Беслаќ.