,, Старбакс ” ќе вработи 10 илјади бегалци како одговор на политиката на Трамп

Американскиот синџир на кафулиња специјализирани за кафе ,,Старбакс”, ќе вработи 10 илјади бегалци низ светот за период од 5 години. Ова е одговорот на светски познатата марка по наредбата што ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп против влез на мигранти на територија на Америка.

 

Директорот на ,,Старбакс” Хауард Шулц се обратил писмено до јавноста со голема непријатност во себе и со ветување, како што напишал, заради одлуката на Трамп и заради непријатностите што им ги приредил на многубројните вработени во нивните продавници, кои главно се млади и студенти од сите делови на светот.

Заради тоа, ,,Старбакс” чувствува одговорност кон сите луѓе во светот кои ги конзумираат нивните производи во над 75 земји.

Само во Мексико имаат 700 продавници и над 7000 вработени.

Ние градиме мостови, а не ѕидови,-напишал Хауард Шулц.

 

АКО.мк,агенции