Стајковци повторно под вода

На социјалните мрежи пристигнуваат апели од жители на неодамна поплавените подрачја, дека делови од село Стајковци се повторно поплавени.

Некои жители алармираат дека водата е дојдена до нивните врати и бараат брза интервенција од надлежните.

Од утрото и во текот на ноќта Скопје и околината се под влажен бран што предизвикува силни и континуирани врнежи од дожд.

Прогнозата е дека тие ќе продолжат и наредните денови.

Во август во скопско кај обиколницата загинаа 17 луѓе и беа поплавени и уништени стотици домови.