Стевче Јакимовски дишел воздух од ,,Швајцарски Алпи„

Стефан Богоев, новиот градоначалник на општина Карпош, објави слики од прочистувач на воздух од швајцарската компанија IQAir, кој бил набавен за просториите на поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски.

„Додека карпошани дишеле загаден воздух, Стевчо во канцеларија дишел воздух од “Швајцарски Алпи”, напиша Богоев на Твитер.

Цените на прочистувачите на воздух на IQAir кои штитат од штетните последици на загадувањето, се движат од 1300 до 1600 евра.