Стефан Богоев од СДСМ, кандидат за градоначалник на Карпош

Претседателот на Социјалдемократската младина, Стефан Богоев официјално ќе биде кандидат за градоначалник на Општина Карпош на престојните локални избори.

Веста за кандидатурата на Богоев ја сподели на социјалната мрежа,,Фејсбук“,потпредседателот на СДММ Дарко Каевски кој неодамна беше назначен за  в.д  директор на Агенцијата за млади и спорт.

„Промените во Карпош од одамна се на повидок. Промените во Карпош се реалност што се случуваат секојдневно. Карпош конечно ќе блесне во оној сјај како што заслужува затоа што другарот Стефан Богоев од 15 октомври ќе ја преземе палката на општината! Карпошани повеќе не треба да се грижите за иднината на својата општина“, напиша Каевски.