Стинг со синот го воодушевија Белград

 

Светски популарниот Стинг, некогашен фронтмрн на групата Полис, одржа концерт за паметење во Белград.

Пред неколку илјадна публика, тој ги свиреше и пееше добро познатите хитови од времето на групата Полис, но и од неговата успешна соло кариера.

На бината беше со неговите долгогодишни соработници Доминик Милер(гитара), Џош Фриз(бубњеви) и Руфус Милер(гитара).

Но, посебен белег на вечерта даде настапот на најстариот син на Стинг, Џо Самнер, кој пред речиси полната Арена, со гитара отсвири неколку верзии од неговиот бенд ,,Fiction Plane”, како што се “Drink” i “Two sisters”, но и песната”Jelly Bean”.

По кратко самостојно шоу на бината, Самнер застана зад микрофонот како придружен вокал на неговиот татко, Стинг, во тогаш веќе преполната Комбанк Арена во Белград.

foto A.Stanković