Стоилковиќ: Заев во владата направи центар за политичка дестабилизација на Србија

Пратеникот во македонскиот Парламент Иван Стоилковиќ ја обвини Македонија дека српската амбасада во Скопје има третман како да е иранска.

Претседателот на демократска партија на Срби во Македонија и коалициски партнер на ВМРО ДПМНЕ, за рускиот портал Спутник изјави дека третманот на српскиот персонал во амбасадата во Скопје има ранг и ја третираат  како иранската амбасада во Македонија:

Во Македонија, Иран и иранската амбасада се обвинети дека го спонзорираат тероризмот. Така што, во таа смисла ова е врвен непријателски однос кон Србија и кон нашиот персонал во Македонија-изјавил Стоилковиќ за Спутник.

 Но, Стоилковиќ не запира тука, туку ја обвинува македонската Влада дека со овој третман само ја влошува состојбата на српското малцинство во Македонија:
-Ако македонските безбедносни служби вака ги третираат српските дипломати, тогаш како ќе ги третираат политичките лидери на Србите и Србите кои се граѓани на Македонија-се прашува Стоилковиќ во изјава за руски Спутник.

Според пратеникот во македонскиот Парламент, кој е дел од опозициската коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ, Заев го предводи центарот  за политичка дестабилизација на Србија.

Новиот претседател на Владата во Скопје, ги собра и вдоми во владата речиси сите противници на српскиот претседател Александар Вучиќ, создавајќи на тој начин центар за политичка дестабилизација на Србија. Треба да се има предвид дека Вучиќ е клучна фигура во политичкиот живот во Србија-изјавил Стоилковиќ.

Тој смета дека актуелната Влада ги нарушила добрососедските односи со Србија, а со тоа и регионалната соработка и стабилност.