Стојановски: За работно место во ВМРО ДПМНЕ се бараа од 2.500 до 10.000 евра, а од женските членови и сексуални услуги!(видео)

Гоце Стојановски,  еден од ветераните на оваа партија, синоќа во емисијата Клик-плус на ТВ 21, објави сериозни и скандалозни обвинувања за случувањата во оваа партија, во периодот кога се уште цврсто ја држеа власта во државата.

Според Стојановски, тој уште во 2012 година , кога целиот тогашен државен врв на чело со Никола Груевски биле во Крива Паланка на предизборна средба со граѓаните, лично го предупредил дека се случуваат страшни работи во партијата. Тој му кажал на Груевски дека има поплаки, но и изјави од членови на ВМРО ДПМНЕ , кои тврдат дека од разни раководни структури или од нивни извршители во институциите , им се бараат пари за вработување, па за да стане некој професионален војник се барале 2.500 евра, за некаков началник тарифата била 5.000 евра, а најскапо било местото цариник и ова вработување чинело 10.000 евра. Стојановски му предочил на Груевски дека на членките на партијата покрај пари, одредени лица им барале и сексуални услуги. Кога ги прашувал емисарите кои доаѓале да го собираат арачот, па зошто и сексуални услуги, тие велеле дека парите се за партијата, а сексуалните услуги за лична сатисфакција и задоволство на тие што треба да ги вработат по институциите.

Стојановски тврди дека успеал да собере и значителен број изјави од тие што му се пожалиле и да се потпишат на нив, по што биле заверени со општински партиски печат. Дел од овие изјави му биле предадени на Мартин Протуѓер, а дел ги сочувал. На состанокот се вклучила и тогашната министерка Гордана Јанкуловска, која побарала ова да се пријави кај неа, во МВР. Стојановски рекол дека токму нејзини соработници се дел од оваа организирана уценувачка структура.

По овој жесток состанок во општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Крива Паланка, во септември истата година, Јанкуловкса му пуштила 150 полицајци да вршат претрес во неговиот дом. На околните згради биле поставени снајперисти и имале наредба ДА ПУКААТ, во случај Стојановски да се обиде да бега. По ова тој бил притворен, а 4 години му биле одземени и пасошот и личната карта, тврди Стојановски за Клик плус на ТВ 21.

Неговиот исказ за криминалното и уценувачко работење на ВМРО ДПМНЕ е на 48 минута од интервјуто:

“За работно место преку партијата се барале 2500 евра за војник, 5000 за началник, до 10.000 евра за цариник. Од жените се барале плус сексуални услуги !!!!”

Ване Цветанов во оваа емисија изнесе информации дека Љупчо Георгиевски цело време на владеење на Груевски е негова главна поддршка-34 мин.

Самоил Малчевски изјави дека Христијан Мицкоски и долгогодишните полтрони, каков што е Спиро Ристовски, ниту имаат капацитет , ниту можат нешто да направат. Тие ќе ја уништат ВМРО ДПМНЕ, тврди Малчевски-44 минути од емисијата.

АКО.мк, емисијата е преземена од ТВ21