Судијката за ,,Поткуп“ на боледување, рочиштето одложено(видео)

Денеска беше закажано рочиште за предметот Поткуп, се јавивме заедно со адвокатите и бевме информирани дека судиjката од вчера па наваму е на боледување, но од заменик судијата или не знам од втората судиjка ни беше врачено решение со кое што се одбива предлогот на моите адвокати за изземање на мерките што се јавно објавени-изјави Зоран заев по одложувањето на рочиштето.

Тој информираше дека барале да не се користат како докази мерки што се јавно објавени на Јутјуб мрежата, а тоа се мерки од незаконскo следење.

,,Верувам дека ваквите мерки навистина треба да не се користат во постапката, но ќе имаме прилика заедно со адвокатот да го разгледаме решението па соодветно на тоа ќе одлучиме дали ќе се жалиме по ваквото решение. Тука сме секогаш кога се закажуваат рочиштата и до крај ќе опстоиме за да ја добиеме правдата“-рече Заев.

Одговори на новинарски прашања:

Медиуми: Видовте ли кое е образложението зошто ги одбиваат мерките?

Заев: Не, немав време, почнав да читам, но навистина требаше да ја напуштиме седницата.

Медиуми: Јавниот обвинител Марко Зврлевски пред неговото разрешување изјави дека ПИМ мерките не излегле преку Обвинителството туку произлегле од МВР. Очекувате ли внатрешна истрага внатре во МВР?

Заев: Знаете како, единствено по закон надлежен за чување, располагање и управување со снимките е Јавното Обвинителство и тогаш за да отпочнете постапка за било каде да проверувате дали некаде некој друг е виновен за нешто, немате никакво право по закон, тоа е само Јавниот Обвинител кој е надлежен за ваквата работа и ние знам дека имаме поднесено соодветни пријави од страна на адвокатот.

Медиуми: Во една прилика напоменавте дека го имате ЦД-то со целиот разговор ми се чини?

Заев: Ако го имам ќе го објавам за да вистината за мене се дознае, ако не за друго. Значи само ако се ислуша целата снимка веднаш ќе може да се дознае како тоа е монтирано и како тоа е направено толку грдо да изгледа во целата јавност за да во најмала рака, ако не го реши судскиот процес, барем да го обели мојот образ.

Медиуми: Сведокот денес за прв пат не дојде, тој и претходно не доаѓаше, но доаѓаше во судот, денеска не се појави во судот, зошто?

Заев: Не можам да кажам, веројатно судот, обвинителите управуваат со сведокот, не знам јас немам никакви контакт, ниту пак сум го видел човекот.

Медиуми: Медиумите објавија дека снимки биле испратени од странски држави, меѓутоа со скриен ИП адреса, имате ли некакви сомневања можеби ?

Заев: Не би можел да коментирам. Јас како што реков согласно законот единствен надлежен да управува, да ги чува и да ги користи, буквално е Јавниот Обвинител, така е по закон.