Судот ги одбива сите барања на СЈО за ,,Трезор”

Основниот суд Скопје 1 ги одби сите барања на Специјално јавно обвинителство за осомничени во случајот ,,Трезор”.

Отфрлено е барањаето за изземање на судија.

Во соопштението се вели:

,,Постапувајќи по барањето на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за изземање на судија на претходна постапка кој треба да одлучува по предлог на истото обвинителството за определување мерки за претпазливост против три лица опфатени во предметот на СЈО познат како „Трезор“, Претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе решение со кое барањето се одбива бидејќи не се основани причините за изземање на судија кои СЈО ги навел во своето барање.

На истото решение, со оглед дека се работи за изземање на судија на претходна постапка, СЈО има право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.

Во врска со жалбата на СЈО против решението на судија на претходна постапка со кое не беше прифатен предлогот на наведеното обвинителството за определување мерка притвор против едно лице, ја информираме јавноста дека решението е експедирано до странките како и жалбата која веднаш е доставена на одговор кај спротивната страна, а по комплетирање на списите во предметот и враќање на сите доставници истиот ќе биде доставен на надлежно постапување кај Кривичниот совет”.

Се работи за судијата Лидија Петровска која беше спомната во „бомбите“ објавени од опозицијата, од нејзината колешка Сафија Лаличиќ која на тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков му објаснува како Петровска и подарувала сваровски накит на претседателката на кривичниот суд, Лидија Неделкова. Лаличиќ во неврзан и опуштен разговор со вулгарни квалификации за колешката, за која патем вели дека има добри реалции, објаснува како и се додворувала на Неделкова.

Неделкова во меѓувреме стана Претседател на Врховен суд и се уште е на таа позиција.

И Петровска и Лаличиќ се избрани за судии по разговорите со Сашо Мијалков од бомбите, инаку објавени во јавност.