Судство.мк: Позитивно мислење за Љупчо Јовевски и Елена Андреева за нов Јавен обвинител

Порталот Судство.мк, неофицијално дознава дека преодна оценка од Совет на јавни обвинители, за нов Јавен обвинител,  добиле Љупчо Јовевски, член на Советот и и професорката Елена Андреева  од  Универзитетот во Тетово.

Советот на јавни обвинители дал позитивно мислење за двајца кандидати од листата со 23 имиња на правници, кои се јавија на огласот за државен јавен обвинител. Како што неофицијално дознава СУДСТВО.МК од обвинителските кругови, предност им е дадена на актуелниот член на Советот на јавни обвинители Љупчо Јовевски, како и  на  Елена Андреевска, професорка од Универзитетот на Југоисточна  Европа во Тетово.

Како што информираа вчера од Советот преку државната агенција МИА, разгледани се апликациите на кандидатите кои имале комплетна и уредна документација и за нив се даденио бразложенија во писменаформаи се доставени до Владата. Но, и во овој допис до јавноста, немаше информации  кои од кандидатите добиле позитивна оценка за продолжување на изборот.

Владата на седница треба да ги разгледа кандидатурите и мислењата од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите.

Извор:Судство.мк