Судство: Чавков го прекинал штрајкот со глад

Според сознанија на „СУДСТВО.МК“, осомничениот Митко Чавков го прекинал штрајкот со глад, односно од вчера вечер тој почнал да зема храна и да ја прима пропишаната медицинска терапија.

Информациите до кои дошол порталот, велат дека до ваков пресврт дошло по вонредната посета која што осомничениот Чавков ја имал во затворот „Скопје“, во Шуто Оризари, односно откако остварил средба со синот и со неговиот бранител.

Се дознава дека Чавков, наводно, и писмено ќе се обрати до кривичниот суд, односно дека тој за промената на одлуката ќе ги информирал надлежните институции.

Извор:Судство.мк