Супер лига: Партизан пак славеше

Фудбалерите на Партизан го победија на свој терен Младост со 3:1 во натпревар од 11 коло од Супер лигата на Србија

Головите за триумф на Партизан ги постигнаа Леонардо во 45, Урош Ѓурѓевиќ во 60 и Валери Божинов во 67 минута, додека единствениот погодок за Младост го постигна Милан Бојовиќ во 57 минута со удар од единаесет метри.

Црно-белите се трети на табелата со 22 бода, а Младост е петти со четири бода помалку.

Партизан во следното коло му гостува на Вождовац, додека Младост ја дочекува Војводина.