СЈО со судски налог го заплени компјутерот на екс претседателот на Кривичен суд Владимир Панчевски

Специјалното јавно обвинителство го заплени службениот  компјутерот на екс претседателот на Основниот суд Скопје 1 , Владимир Панчевски, заради сомнеж дека тој го злоупотребил електронскиот систем и ги местел предметите на ова обвинителство кај подобни судии.

Обвинителите од СЈО извршија претрес и кај вработени информатичари во судот, а влегоа и во домот на Панчевски.  Сомнежи за злоупотреба на  АКМИС системот преку кој по електронски пат се распределуваат предмети кај судиите, нотираше Прибе во неговиот последен извештај за состојбите во судството.

Специјалната јавна обвинитеклка Катица Јанева рече дека во интере на истрагата не може да открие повеќе детали.

Панчевски е под сомение дека оддавал државна тајна.

“Се издавале податоци за други лица во јавноста или на други заинтересирани странки, службени податоци од АКМИС системот поврзани со нашите случаи.“ – рече обвинителката Катица Јанева.

Во исто време беше и Комисија на Министерство за правда:

„ Станува збор за постапување по судскиот деловник, надлежностите ги црпимке од законот за судовите од законот за движење на предметите, судскиот деловник , а што што ќе се случи понатаму ќе одлучи министерството.“ – изјави Лазар Нанев, член на комисија на министерство за правда.