Сњежана Тројачанец пронајдена мртва во Вардар

Педесет и две годишната професорка Сњежана Тројачанец, денеска е пронајдена мртва на местото каде што реката Серава се влева во Вардар.

Од МВР информираа дека се работи на утврдување на  причините за смртта.

Инаку, пред еден час, на социјалните мрежи беа објавени неколку статуси од блиски роднини на Снежана преку кои информираа дека жената била пронајдена почината во Вардар.

Таа исчезна вчера во раните утрински часови, а за нејзиното оддалечување од домот информираа роднини, пријатели и нејзиниот сопруг, кој побара помош на социјалните мрежи за нејзино пронаоѓање. Пламен Тројачанец информираше дека неговата сопруга излегла од дома во пижами и кажа дека таа последните месеци се лекувала од депресија.