Талат Џафери:Искршените микрофони и инвентар од 27 април ќе ги изложам пред мојот кабинет(видео)

Собранискиот спикер Талат Џафери во емисијата ,,Стадион“ на Канал 77 , зборуваше за ЈНА, АРМ, УЧК, за бомбите на Заев, за односот на СЈО кон ДУИ,,,.

– На 27 април се случи државен удар…За памет и потсетување никогаш да не се повтори, искршените микрофони и  уништениот инвентар ќе ги изложам пред мојот кабинет….Деловникот ќе го измениме за да не се случуваат вакви работи во иднина …Знаев  дека ќе има упад по точно утврдено сценарио  и затоа на Ахмети му кажав да не доаѓа во парламентот…Голем дел од Македонците не ги сакаат македонското знаме и грб…изјави претседателот на Собрание на РМ, Талат Џафери, во емисијата ,,Стадион„.
Во продолжение погледнете ја целата , речиси двочасовна емисија на Канал 77, во која Џафери во живо одговараше на телефонски поставените прашања од граѓаните: