Талат Џафери им ја затвори устата на критичарите кои го нападнаа заради ставеното знаменце на Република Албанија на неговата работна маса во претседателскиот кабинет во Собрание. Како што забележа Фокус, новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, денеска во неговата прва официјална посета на Брисел, на неговиот костум носеше значка со македонското знаме.

Џафери одговори и зошто го ставил албанското знаме на неговото работно биро:

-Мислам дека никој не треба да се чувствува загрозен од знамето, бидејќи тоа се наши симболи,  на припадноста, а од институционален аспект мислам дека државното знаме се наоѓа на вистинското место каде што припаѓа и сите ние се идентификуваме со тоа знаме кога сме носители на функција, изјави Џафери.