Талевска казнета со 1.000 евра, надомест за затаен персонален 1.671.611 и за данок од 2.184.677 денари

Покрај условната двегодишна казна затвор, доколку стори друго кривично дело во период од 4 години, за новинарката Ивона Талевска, која патем уште работи како уредник во ТВ Сител и креира јавно мислење, судот определи казни по неколку основи.

Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ја објави пресудата во предметот К.бр. 144/18 оформен по овинителен акт поднесен од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), означен како „Тифани“, со која обвинетата И.Т. врз основа на признание на вина се огласува за виновна,  и се определува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 години затвор која казна нема да се реализира доколку во следните 4 години не стори ново кривично дело, воедно и се определува парична казна во износ од 1000 евра во денарска противредност и се задолжува да ја надомести штетата од 1.671.611 денари за затаениот персонален данок како и 1.145.979 денари за правното лице „С. – Ц дооел С.“ кое престанало да постои во 2013 година. Воедно на правното лице „С. – Г. Дооел С.“, опфатено во обвинението, му се изрекува парична казна од 200.000 денари,  а согласно член 100 од КЗ се конфискува имотната корист од кривичното дело на правното лице „С. – Г. дооел С.“ во исноз од 1.038.698 денари.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба од 15 дена за физичкото лице и 8 дена за правното лице опфатени во обвинението.