Таравари дошол до заклучок дека партијата е поважна од Министерство за здравство

„Доколку ме прашувате мене лично, јас повеќе можам да придонесам во министерството за здравство, таму каде што сум, но гледам дека членството инсистира да се кандидирам . Дојдов до заклучок дека министерството не е толку важно колку партијата, Алијанса за Албанците“. Ова го изјави актуелниот министер за здравство Арбен Таравари, објавувајќи ја официјално својата кандидатура за градоначалник на Гостивар..

Таравари се уште се држи до етничката карта за претстојните локални избори. Тој смета дека Албанците треба да ги претставуваат партиите со етнички предзнак:

„Оставивме на локално ниво да одлучуваат албанските партии, кои гледаат потреба  за соработка, не само со Беса туку и со сите другите. Но во вториот круг, според математиките на кои се надеваме, ќе се трудиме да соработуваме со сите. Затоа што сметаме дека се уште Албанците треба да ги претставуваат албанските политички партии, не македонските“, додаде Таравари.