,,Таргет” или директно во целта

 

Десет лица порано вработени во УБК , а дел и сега на работа во Управата, искористувајќи ја службената положба и овластување, потешко ги повределе основните човекови права, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Преку системите за тајно следење, без судски наредби прислушувани се над 4000 телефонски броеви во период од 2008 до 2015 година.

Во овој период во употреба биле три различни системи за следење на комуникацијата. Доказниот материјал упатува на основано сомневање дека тројца од осомничените како раководни лица, во 2008 година или давале наредби или сами внесувале телефонски броеви за прислушување.

Вториот систем за следење на телефонските броеви од крајот на 2008 до 2015 година таргетирал 3646 телефонски броеви и дополнително уште на 1268.

Преку третиот оперативен систем во текот на 2015 година биле следени без судска наредба 401 телефонски броеви  и дополнително на 252 .

Првосоомничениот на раководна позиција во УБК, сам во овој период додавал телефонски броеви на блиски луѓе, политичари и новинари и самиот ги прислушувал.

Третососмничената како раководно лице во УБК постапувајќи по насоките на второ осомничениот, иако не постоеле судски наредби за одредени телефонски броеви, проследувала до службите кого треба да прислушуваат.

Доказите упатуваат и на основано сомневање,дека двајца осомничени искористувајќи ја службената положба ги внесувале броевите во системот, а останатите лица вршеле транскриптирање за потребите на првоосомничениот и третоосомничениот.

Посебно лице кое ги забележало овие незаконски дејства ги евеидентирало злоупотребите обезбедувајќи докази кои биле предадени на лидер на политичка партија, кој потаоа го обзнани скандалот во јавност.

Борјан Јовановски бил незаконски следен на два телефонски броеви, Мери Јордановска е следена во 2014 и 2015, Горан Михајловски незаконски е следен во 2013,14, и 15 година.

Имало уште други новинари, политичари и бизнисмени, но Феати реле дека сега ќе ги објават само овие.

600 денови бил следен телефонскиот број на Зоран Верушевски, бројот на неговата сопруга повеќе од 800 денови, на лидерот на СДСМ повеќе од 1000 денови…

Незаконското следење е вршено со вршење со злоупотреба на следење на комунакициите  лоцирани во УБК, а тоа продолжило и по обелоденувањето на скандалот преку опозициските Бомби.

И покрај опструкциите обезбедени се материјални и вербални докази, рече Фетаи, но потенцираше дека делумно и се уништени со уништувањето на доказите и системите што веќе беше предмет на истрага на СЈО.

 

 

11.05.-Новинарката на Алфа Кети Гетева во овој момент ја прекина прес конференцијата правејќи скандал дека наводно не им било дозволен влез на прес конференцијата и ја натера специјалната обвинителка Катица Јанева да го повтори прочитаното, што беше сторено.

Инаку, претходно таа рече дека денешната истрага е резултат на повеќемесечна работа на широк спектар стручни лица, а во овој момент се собрани доволно докази и материјали за отворање на нов случај ,,Таргет,,-рече Катица Јанева.

Темелните вредности на Уставниот поредок се уништени со незаконското следење на комуникациите-рече специјалната обвинителка Катица Јанева, отворајќи ја новата истрага ,,Таргет,,.

Никој нема да ме обесхрабри, ниту може да влијае на исполнување на задачата што ја има СЈО-рече Јанева и продолжи дека јасно и гласно кажува дека нема да молчи за ниту една нерегуларност, злоупотреба или кршење на законот, па за кого и да се работи.

Е.Л.