Тасевски: Или ќе разговараме рамноправно или барајте си друго дете за директор

,,Можете да ме смените од директорското место уште утре, ама нема да дозволам, без да бидам консултиран да ми наметнувате да правам трансфер на глумци од други театри кои не му се потребни на Драмски во моментов. Нивото на квалитетот на Драмски опадна последниве години и заради тоа што се примаа актери преку негативна селекција и разни протекции. Ме назначивте да бидам директор на театар, а не на социјална установа. Зборот МОРА да се прими Станко или Петко, не е соодветен во средини каде се бара талент. Најпосле, има и други театри во градов. Размислете. Убаво би било во иднина да разговараме рамноправно. Во спротивно, барајте си друго дете за директор“-напиша в.д. директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски на својот ФБ профил упатувајќи јавна порака кон тие што му вршат притисок да прими глумци од други театри по нарачка.