ТВ-дуелот најголем баук за Груевски

,,Груевски докажа дека нема елементарна политичка култура,,-реагираат од опозициската СДСМ откако лидерот на ВМРО ДПМНЕ и овој изборен циклус не прифати ниту едно тв сооучување како и сите изминати изборни циклуси во неговото десетгодишно владеење.

,,Никола Груевски се исплаши и повторно побегна од дуел. Груевски денеска побегна и од закажаните соочувања на МТВ и телевизија Телма.Со ваквото однесување Груевски покажа дека нема елементарна политичка култура. Тој не ги почитува избирачите затоа што се плаши да излезе на јавно соочување и да објасни што точно им нуди на граѓаните. Груевски има страв од директни и јасни прашања кои не се однапред договорени со него.

Никола Груевски реши својата политичка кариера да ја заврши онака како што ја започна. Без ниту едно едно директно соочување со политичките противници,,-се вели во реакцијата на СДСМ.

Интересно е објаснувањето во Википедиа што значи зборот БАУК што ние вообичаено го користиме како синоним за страв, страв од нешто.

Значи, БАУК е митско животно во српската митологија. Баукот е опишан како суштество кое се крие во темни места , чекајќи да ја зграби, однесе и изеде својата жртва. Може да се избрка со галама и светло. Баукот има несугерен чекор, на српски ,,бауља,, односно хромаво одење, а неговата ономатопеја е -бау.

Значи, Никола Груевски ги одбива сите тв соочувања во изминатите 4 изборни циклуси, сите предвремени парламентарни избори. Политичките противници упорно го повикуваат да седнат на тв дуел, затоа што тоа е еден од вистинските начинни за презентирање на личноста како политичар и на неговите политики пред јавноста. Во САД на пример, тв дуелите на претседателските кандидати  се задолжителни , тие се најгледан тв производ, а во голема мера гласачите тука се прекршуваат за кого ќе го дадат својот глас.

Груевски одбиваше тв соочување со Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска и сега со Зоран Заев. Сите го повикуваа да ги ,,вкрстат копјата,, пред тв аудиториумот, а Шеќеринска во 2008 година кога беше лидер на СДСМ го предизвикуваше со провокации, да не се крие зад женска сукња:

„Гледаме реклами, слушаме спотови, постојано течат кампањи, сегде ги има, само ги нема да се соочат на ТВ-дуелите. Со луѓе – кукавици оваа држава не може да мрдне. Груевски да не се крие и да излезе на ТВ-соочување затоа што треба да одговори на многу прашања“, го повика завчера Шекеринска од митингот на „Сонце – коалиција за Европа“ во Скопје.

Засега е неизвесно дали Груевски ќе прифати соочување со Шекеринска, бидејќи, според СДСМ, поканите кои досега биле доставени до него за дуел од неколку телевизии тој ги одбил. Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека немаат информации за евентуално прифаќање или, пак, одбивање на предлогот за телевизиско соочување на нивниот партиски шеф со опозициската лидерка. Опозиционерите тврдат дека, покрај Груевски, ТВ-дуелите ги одбегнуваат и носителите на листите на владејачката партија.

Од СДСМ нагласуваат дека досега покани за лидерски дуел добиле од Македонска телевизија и од Телма. „И од МТВ и од Телма не’ прашаа дали сме подготвени да прифатиме дуел Груевски – Шекеринска. На Телма соочувањето беше предвидено за овој четврток во 20 часот и, иако имавме митинг, рековме дека откажуваме се’, но нема шанси, Груевски не сака да прифати“, вели Емилијан Станковиќ од СДСМ.(20.05.2008,Утрински весник)

Заев не пропушташе прилика од митинг или друг јавен настап да го повика Груевски да излезе на тв дуел:

-Да те прашам и да одговориш, а не да се криеш. Десет години владееш како не ти е срам да бегаш од дуел? Зборуваш за демократија, за транспарентност, прифати дуел за да можеш и ти да ме прашаш што сакаш, но јас да те прашам тоа што јас и граѓаните мислиме дека треба да те прашаме. Да дадеш одговор после овие 10 години владеење и пустошење во оваа наша Македонија, рече Зоран Заев.

Но, Груевски не бега само од политичките противници, тој десет години одбива да седне на интервју со новинар на кој однапред нема да му се дадени или договорени прашањата. Тој не успеа да се снајде ниту со едно логично и просто поставено прашање, кое секој професионалец би го поставил доколку има можност, посебно кога ќе се открие афера во која премиерот и неговите блиски соработници ги прислушувале своите сограѓани.

 

Последниот телевизиски дуел во предизборен период во Македонија се случи  во 1998 година, пред парламентарните избори,  еден спроти друг седнаа тогашните лидери на СДСМ Бранко Црвенковски и  на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Гергиевски.

 

АКО.МК-актуелно-објективно