Тетовското ОЈО врши истрага за труењето со храна на 200 работници

 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово, заедно со екипа од СВР Тетово и надлежни инспекциски служби врши увид во фирма-фабрика ,,Леар“  лоцирана во слободната индустриска зона, во близина на тетовското село Сараќино.

Имено, утрово од страна на тетовската клиничка болница во СВР Тетово било пријавено дека во болницата се донесени над 200 затруени лица, вработени во фирмата. Според првичните сознанија лицата се затруле најверојатно од храната што ја консумирале околу еден часот по полноќ, додека два часа подоцна ги почувствувале првите симптоми, се жалеле на болки во стомакот, повраќање и вртоглавица.

Повеќето од затруените лица се задржани во тетовската, а дел се префрлени во гостиварската болница, за укажување  на соодветна лекарска помош-соопштија од ОЈО-Тетово.