До овој момент не проработи ТЕЦ Осломеј. Македонија останува зависна од скапиот увоз на струја-реагираат од СДСМ.

Според нивните  информации, вчера(14.01.) во Осломеј бил лично дитекторот на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски, кој во паниката дека се фатени во лагите дека компанијата работи,како што велат, барал брз старт на термолелектраната. И по 24 часа од најавениот старт, ТЕЦ Осломеј струја се уште не произведува.

Како што објави СДСМ, ТЕЦ Осломеј во 2017 година има произведено 0 мегават часови електрична енергија, а во 2016 година само 8 проценти од вкупното количество на струја произведено во 2006 година.

Не работи ни ТЕЦ Неготино, а нестабилно работи РЕК Битола, поради што увозот на струја  само за  две недели ги чини граѓаните неверојатни 4.2 милиона евра.

10 години е закочено домашното производство на струја, на сметка на скапиот увоз на струја што кулминираше од Божик и се уште трае.

Многу брзо ќе стане јасно дали интерес од скапиот увоз на струја имат неколку фирми блиски до криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ инсталирано во ЕЛЕМ-велат во СДСМ.