Тешка железничка несреќа во Пакистан

Во судир на два воза на железничката станица во Карачи, на југот на Пакистан, утринава загинаа најмалку 19 лица, а 50 се повредени.

Несреќата се случила во раните утрински часови, а причините официјално сеуште не се соопштуваат.

Истрагата за несреќата е во тек.

Пакистан е меѓу земјите со најлоша железничка инфраструктура и често доаѓа до несреќи.

Министерот за железници на Пакистан, Сад Рафик, дал наредба за детална истрага, а пакистанскиот премиер Наваз Шариф изрази сочувство поради настраданите и им наредил на локалните власти да им пружат помош на нивните семејства.