Тешки преговори меѓу Белград и Приштина со помош на Могерини

Успеавме со поддршка на ЕУ да договориме продолжување на дијалогот-рече српскиот премиер Александар Вучиќ. Ова е практично резултатот од средбата во Брисел меѓу претседателите и премиерите на Србија и Косово со посредство на Федерика Могерини.

По големите тензии меѓу двете страни предизвикани од обидот на српската страна да влезе со возот на кој пишуваше ,,Косово е Србија,, и беше украсен со нацртани икони низ внатрешноста на возот, сега на највисоко ниво ја спуштаат топката.

Разговорите биле тешки и непријатни, но според Вучиќ , само со разговори може да се постигне смирување на ситуацијата за добро и на Србите и на Албанците на Косово.“

Косовскиот претседател Хашим Тачи смета дека разговорите биле тешки, но неопходни. На позивите на српската страна на војна , ние одговоривме со мир, вели Тачи.

Посредникот на разговорите шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини најави дека ќе продолжат разговорите во наредните денови и тоа на највисоко ниво.

 

АКО.мк