Денеска, точно напладне, во 12 часот, во СЈО ќе се одржи прес конференција на која обвинителките Катица Јанева, Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи ќе објават кои истраги се завршени и колку нови обвиненија ќе бидат покренати врз основа на обезбедени докази од прислушуваните разговори.

За два дена завршува законскиот рок во кој може да бидат покренати обвиненија, но од СЈО повеќепати најавија дека со тоа не завршува нивната работа и доколку не им се продолжи мандатот, понатаму и во редовното обвинителство може да се процесуираат сите останати кривични дела за кои ќе се обезбедат докази.

Во Собрание веќе е поднесен предлог за продолжување на мамндатот на СЈО, но извесно е дека ВМРО ДПМНЕ тоа нема да го поддржи, а за прифаќање на предлогот е потребно двотретинско мнозинство.