Новиот американски претседател Доналд Трамп ги отповика сите амбасадори низ светот што се именувани од поранешниот претседател Барак Обама.

Според ,, Индипендент” тој побарал сите американски амбасадори ширум светот да ги напуштат своите функции веднаш и тоа без одложување, иако нема подготвено замени за нив.

Неговиот транзициски тим уште на 23 декември минатата година соопшти дека нема да има исклучоци за ниту еден политички именуван амбасадор, дури и за оние што имаат деца на школска возраст.

Одлуката на Трамп се однесува на 80 амбасадори и дипломати поставени на функции во амбасади или разни агенции, наведува британскиот весник.

Заради ваквата одлука на новиот претседател возможно е многу земји да останат без американски дипломатски претставници, пишува весникот и наведува дека тоа не е пожелно, ниту вообичаена пракса во американската политика.