Трамп има намера да ги редуцира визите за најквалификуваните странски работници

Американскиот Претседател Доналд Трамп ќе потпише декрет со налог на министерството за труд, со кој ќе побара да се предложат реформи за враќање на програмата Х-1Б.

Тоа значи дека ќе се редуцира доделувањето визи на најквалификуваните кадри низ светот, кои досега лесно доаѓаа до работа во Америка, посебно во Силиконската долина. Се работи за врвни експерти, инженери, информатичари, компјутерџии и други висококвалификувани работници.

Трамп смета дека тие се пеовтина работна сила од Американците со исти квалификации и затоа работодавачите ги вработуваат додека американските државјани остануваат без работа.

 

Програмата Х-1Б предолго егзистира на штета на американските работници, изјавил официјален претставник на Белата куќа.

Ова ќе биде чекор кон девизата-,,да купуваме американско, да вработуваме Американци”-потенцираат американските медиуми.