Трамп му се враќа на бизнисот

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп, во кратаката пауза од кампањата, во Вашингтон присутвуваше на отворањето на својот нов луксузен хотел.

„Tramp international hotel”, кој се наоѓа во старата пошта на Авенијата Пелсиванија во близина на Белата куќа, неофицијално беше отворен на 12-ти септември, но сепак тој е делумно во употреба затоа што не е целосно завршен.

И покрај тоа, Трамп реши во екот на кампањата официјално да ја пресече црвената панделка и да го прогласи хотелот за отворен.

Тој е задоволен од неговиот изглед, а уште повеќе затоа што чинел помалку од планираното.

Ова е метафора за она што можеме да го постигнеме, – рече Трамп мислејќи на неговата претседателска кандидатура.

Од друга страна, американски медиуми коментираат дека тој полека се враќа кон бизнисот, затоа што анкетите не му одат во прилог.

Според AP пред демократскиот кандидат Хилари Клинтон е убедлива победа бидејќи најновите анкети покажуваат дека таа има 14 проценти поголема поддршка од Трамп.