Трамп на првата прес конференција вети многу нови работни места

Новиот претседател на САД Доналд Трамп на првата прес конференција  рече дека ќе биде најголемиот креатор  на нови работни места што било кога го создал Бог.

Тој нагласи дека ќе се согласува со Путин, но и ги запраша присутните- Зарем мислите дека Хилари би била построга кон него од мене?

Тој не верува дека Путин стои зад приказните за компромитирачки материјали за него , бидејќи да имал нешто повеќе како за Хилари, тоа би го пуштил во јавност, смета Трамп.

 

Тој рече дека неговиот бизнис продолжува и дека компаниите ќе ги водат неговите двајца  синови.

Неговата сопруга Меланија нема да има никаква улога во компаниите, а додека е тој претседател нема да биде потпишан ниту еден нов договор за работа со некоја компанија.