Трамп повикува на прослава на победата!

Повеќе од 27 милиони Американци ја искористиле можноста да гласаат пред 8 ноември, за кога се закажани претседателските избори во САД.

И додека меѓу тие гласачи обожавателите на демократите биле побројни, републиканскиот кандидат Доналд Трамп веќе, како што изјавува, ги отпечатил поканите за „победничката прослава“!

Засега, конкретната причина за таквиот потег њујоршкиот милијардер има само во анкетите кои му даваат мала предност пред демократскиот ривал Хилари Клинтон, како и гласањето на државјаните на САД во Израел.

Тука Трамп добил 49 отсто од гласовите, за разлика од Хилари која освоила 44 отсто.

Во меѓувреме, приврзаниците на Клинтон во САД интензивно го „неутрализираат“ лошото влијание од поведувањето на истрагата на ФБИ поради сомнителната електронска пошта на поранешната државна секретарка на гласачите.

Професорот на Универзитетот во Флорида, Мајкл Мекдоналд, оценува дека на гласачите кои се решиле порано да излезат на гласање не влијае истрагата против Клинтон.

Од друга страна, група од 62 поранешни високи воени офицери во САД, вклучувајќи го и пензионираниот генерал Весли Кларк, изразила загриженост поради потенцијалната врска меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Тие се сомневаат дека евентуалниот претседателски мандат на Трамп ќе им служи на интересите на националната безбедност.

Американската разузнувачка служба обвинува дека Русија стои зад хакираните мејлови на шефот на нејзиниот избореш штаб, Џон Подесет.

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, меѓутоа, соопштува дека неговата организација мејловите поврзани со штабот на Хилари клинтон не ги добила од некој државнички актер.

И додека борбата за Белата куќа го достигнува врвот, на кандидатите им останува како една заедничка точка – Њујорк.

Трамп најавува „победничка прослава“ во хотелот „Хилтон“ на Менхетен, а Клинтон, пак, дека изборната ноќ ќе ја помине само два километри оттаму, во Центарот „Џејкоб К. Дејвидс“.