Трамп ќе протера 2-3 милиони имигранти

Во едно од првите интервјуа откако беше избран за претседател на САД, Доналд Трамп најави дека кога ќе ја преземе должноста, веднаш ќе донесе одлука за протерување на 2-3 милиони имигранти кои престојуваат нелегално во Америка.

Трамп најави дека ќе бидат протерани сите со криминални досиеа, членови на банди, дилери, кои ако не бидат протерани ќе бидат затворени. Тој исто така потврди дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико, можеби некаде ќе се стави само жица, а потоа ќе се воведе многу строга контрола за влез во САД.

Американската и светската јавност се загрижени откако Трамп победи на изборите, бидејќи тој во предизборната кампања ветуваше крајно непопуларни мерки во многу области. Очигледно, некои од нив и има намера да ги реализира.