,,Видете како гнасниот ,,Курир“ ја злоупотребува и изместува реалноста. Една високо професионална емисија што ја снимивме на почетокот на деведесетите години, во тешки и ризични услови да бидеме санкционери од се уште моќните и влијателни остатоци на режимот на Тодор Живков, ја злоупотребуваат за да  докажат дека со соседна Бугарија мора да одржуваме вечна напнатост и омраза.

Но, како што ќе видите и чуете,сите бараат поддавање братска рака меѓу народите на Балканот. Она што се обидува да го направи новата Влада на Заев.

И се прашувам: зошто вакви емисии не снимија ,,големите“ патриоти, туку, ние, комуњарите и предавниците.

Бандо лицемерна, со вашите подметнати наслови(,,Документарец на МТВ со фрапантни сведоштва на Македонците во Бугарија:Убија студенти поради тоа што пееја македонски песни“)и извадоци од една оригинална и перфектна емисија, вистинско историско сведоштво.Изместена ви е целта ,,курирци“. Мислевте да креирате уште една забуна, а излегува спротивното. И ,,фала ви“ што ја извадивте емисијата од најдлабоките врмовски бункери на МТВ и ја ставивте достапна до јавноста, која знае како да суди. Лоши измеќари и за никаде пропагандисти сте!

Погледајте пријатели ако имате време. Емисијата е наградена на ТВ фестивалот во Неум во рамките на ЈРТ“-пишува на својот ФБ профил еден од авторите на емисијата и поранешен директот на МТВ и генерален директор на МРТВ, Слободан Трајковски.

Трајковски понатаму потсетува дека заради оваа емисија добивал смртни закани од врховистот Каракачанов, како што вели, пријателот на македонското врховистичко ВМРО.

Но, се поставува прашање-како оваа емисија и кој ја извадил од архивата на МТВ и им ја доставил на порталот , односно која е улогата на ВМРО ДПМНЕ во целата оваа креирана пропагандна гротеска?

АКО.мк