Тривијализација на злото

Од Веле Митановски

Шокантно: Јадат, море – ждерат, и серат!
Спавају, ждеру, и серу!

Вака, врз некои локални состојби (универзалното е, велат, во локалното!), ја засмејуваше публиката, извонредниот актер и директор на сараевскиот „Камерни Театар – 55” Емир Хаџихафизбеговиќ.

Смеа до солзи, смеа врз сопствената мака! Аплаузи на отворена сцена, уште една потврда дека хуморот, скечот ни се последната татковина! Се разбира, покрај јазикот, како што не учеше професорот Конески.

Спавају, ждеру, и серу! Така е во култната претстaвата „Жаба“, психолошка драма која се занимава со случувањата во едно постранзициско општество, актуелна тема во сите делови на поранешна Југославија. Приказната се случува во повоено Сараево и ги следи проблемите на четворица луѓе, кои всушност се проблеми на сите нормални луѓе кои живеат во еден уништен свет.
Преставата е играна 250 пати во сите краеви на поранешната заедничка Ју-држава, но и во светот, а податокот дека, две години била на редовниот репертоар на белградското Атеље 212, кажува се.

Дента, кога се играше претставата (ете како космичките силе-таму некаде горе, ги посложуваат коцките -овде долу!), напишав времеплов на тема – ЖАБА: На денешен, пред две години, Бранко Тричковски, беше напишал: “Жабата што леташе треснува на земја!И на ова место сметам дека е соодветно да се каже дека паралелно со политичката обнова, нужна е и културна обнова на Македонија!”

Јас, беше сум додал: Така е Бранко, но, пред се, потребна е духовна и морална обнова!Вечер,пак, во предворјето на „Света Софија”, публиката ќе ја проследи култаната драмска претстава. „Жаба“ од Дубравко Михановиќ, во режија на Елмир Јукиќ, со „Камерни Театар 55”, од Сараево. Претстава, најавена како интимна игра, која носи ликови кои не се снаоѓаат во времето на транзицијата и времето на промените.

„Таа го дијагностицира времето во кое живееме. Проблемите и случувањата кои се исти, или слични, и во Босна и во Хрватска и во Србија, но и во другите краеви од поранешна Југославија. Постранзицискиот период со дисолуцијата на заедничката држава, бесмислата на срушениот систем на вредности, планетарната цивилизациска инверзија, цунамито на неолибералниот капитализам. Тоа е првенствено проблем на непостоење на комуникација и неможност да се слушне туѓото мислење, но и Приказната се случува во повоено Сараево и ги следи проблемите на четворица луѓе, кои всушност се проблеми на сите нормални луѓе кои живеат во еден уништен свет. Екстремна манипулација на лугето, од страна на властите”, објаснува Хаџихафизбеговиќ.

Ух, таа екстремна манипулација на лугето.Tаа латасовштина, таа минхаузеновштина која ВМРО ДПМНЕ и Пастирот ја доведоа до совршенство. Како во рекламата од охридските пицерии: Италијанците ја измислија-охриѓанците ја усовршија! По системот на индустријализација на свеста.

Ханс Магнус Енцесбергер, германски книжевник во есејот “Индустријализација на свеста”, напишал дека човечката свест се фабрикува на подвижна трака како потрошувачка стока. Ова е време на деформација на личноста.Како лавот кога ќе го пуштиш од кафез, и во џунглата ќе се врти во круг.

Претстaвата „Жаба“ е психолошка драма која се занимава со случувањата во едно постранзициско општество, актуелна тема во сите делови на поранешна Југославија. Приказната се случува во повоено Сараево и ги следи проблемите на четворица луѓе, кои всушност се проблеми на сите нормални луѓе кои живеат во еден уништен свет.

Тоа е претстава која, на некој начин, ме детерминира мене и сето она низ кое јас поминав за време на агресијата на БиХ.Мислам дека е тоа претстава која е своевиден феномен. Десет години играме по цела Југославија и пошироко во Европа, ќе каже Хаџихафизбеговиќ.

Повеќе на Плусинфо