Триумф од 1-0 над Израел, за втора квалификациска победа на Македонија

 

Македонската фудбалска репрезентациja се враќа со три бода од Хаифа, откако во квалификациите за Светскотото првенство во Русија, со 0-1 (0-0) на гости ја совлада селекцијата на Израел. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски одиграа одличен меч, на кој освен победоносниот погодок имаа и еден поништен гол, а во првото полувреме и дирекот ги спаси домаќините.

Клучниот момент се случи во 73 минута, откако 17-годишниот Елмас од длабочина го пранајде Пандев, на кого не му беше тешко од десетина метри да го совлада голманот на Израел. Тоа за Пандев беше 30-ти постигнат гол во 88-те настапи.

До крајот на мечот Израел јалово се обидуваше да дојде до изедначување, но Македонија рутински го сочува резултатот и на крајот заслужено се радуваше на големата победа.

Сега на ред е мечот со Албанија кој во вторник се игра во Струмица.

На останатите два натпревари од нашата група, Шпанија ја победи Италија со 3-0, додека Албанија триумфираше над Лихтенштајн со 2-0.

Табела: Шпанија 19 бода, Италија 16, Албанија 12, Израел 9, Македонија 6, Лихтенштајн 0.