,,Три илјади за господинот, две за госпоѓата“- Палма моментално ги решава маките на сограѓаните(видео)

Српскиот политичар Драган Марковиќ-Палма, лидер на Единствена Србија и долгогодишен градоначалник на Јагодина, а сега претседател на Советот на општината, со своите уникатни постапки постојано е во центар на вниманието на српската јавност.

Во медиумите се појави видео на кое се гледа како тој, како месија, ги решава проблемите на возрасните сиромашни граѓани од оваа општина.

Палма дури и не седнувајќи со нив, од зад грб, ги прашува што мака имаат.

Тие еден по еден, како пред поп, се исповедаат, ги кажуваат своите проблеми и здравствена состојба , а тој во истиот момент одредува колку пари ќе им додели општината.

 

На својот ФБ профил Палма објави дека на редовниот приемен ден, тој имал средба и со самохрани мајки и други социјални случаи и дека секој добил помош од 2.000 до 15. 000 динари, во зависност од потребите.