Три лица заканувајќи се со нож ограбуваат малолетници во Скопје

Две разбојништва во рок од неколку часа се случиле во околината на Универзална сала.

На 10.11.2017 година во 21.00 часот во Полициската станица Карпош, А.Г. вработен во домот „Здравко Цветковски“ – Скопје, пријавил  дека  во 18.05 часот во Скопје на бул.„Партизански одреди“ кај автобуската постојка извршено е разбојништво врз две малолетни лица  А.М. од Ресен и М.Б. од с. Другово-Кичево, штитеници на домот  „Здравко Цветковски“. Според пријавата, додека А.М. и М.Б. чекале автобус, им пришле три непознати лица на возраст од околу 20 години, двајца од нив извадиле ножеви и со  закана им побарале да им дадат се што имаат во себе, по што А.М. извадил 300 денари кои ги имал во себе и им ги дал, а М.Б. го фатиле за врат и го удриле со тупаници во пределот на главата, по што избегале. Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

На 10.11.2017 година во 21.45 часот во Полициската станица Центар, Ј.Г пријавила дека околу 18.15 часот во Скопје  во непосредна близина на Универзална сала, три непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво врз нејзинот седумнаесет годишен син Д.Г. и му одзеле 300 денари. Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.